Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почината жена била донесена од сопругот и синот во болницата во Кочани, полицијата ги привела

Почината жена била донесена од сопругот и синот во болницата во Кочани, полицијата ги привела

Татко и син биле уапсени во Кочани, но пуштени набрзо, бидејќи полицијата лажно се посомневала во нив откако ја донеле почината нивната сопруга, односно мајка во болницата во Кочани.

Починатата жена имала видливи повреди на главата. Веднаш биле уапсени нејзиниот сопруг и нејзиниот син, како осомничени. Од извршената обдукција сепак е констатирано дека не се работи за насилна смрт туку истата починала од срцев удар.

„На 23.10.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека Б.З.(70) и М.З.(45) од с.Чешиново, кочанско, кај нив со повреда на главата ја донеле почината нивната сопруга односно мајка, Ѓ.З.(69) од с.Чешиново.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител и поради сомнение за нивна инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Б.З. и М.З.. Исто така, по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција“ информира МВР.


Слично

Поврзани вести