Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНАТ МИГРАНТ ДОНЕСЕН НА ЛЕКУВАЊЕ НА КЛИНИКАТА ЗА НЕФРОЛОГИЈА - причините допрва ќе се истражуваат

ПОЧИНАТ МИГРАНТ ДОНЕСЕН НА ЛЕКУВАЊЕ НА КЛИНИКАТА ЗА НЕФРОЛОГИЈА - причините допрва ќе се истражуваат

Мигрант на 41-годишниа возраст починал на Клиниката за нефрологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Телото на починатиот мигрант е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Според информациите, Л.Ш. бил донесен во клиниката на 20 ноември околу полноќ за укажување на лекарска помош, а починал следното утро, на 21 ноември во 06:48 часот. 

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а надлежните продолжуваат со истрагата.

- На 21.11.2025 во 07:50 часот во СВР Скопје, од Клиниката за нефрологија при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека на 20.11.2025 во 00:16 часот, кај нив за укажување на лекарска помош е донесен Л.Ш.(41), мигрант, кој на 21.11.2025 во 06:48 часот починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција – велат од МВР.


Слично

Поврзани вести