Економија, финансии, бизнис

Контакт

Починал овчарот кој на раце во кома беше носен до болница: Фатален исход од нефункционалноста на системот

Починал овчарот кој на раце во кома беше носен до болница: Фатален исход од нефункционалноста на системот

Овчарот кој имаше 63 години починал по една седмица во кома, утрово во Штипската болница, потврдиле за Телма од болницата.

Сточарот преживеа мозочен удар, а за неговиот случај се разбра откако лекарот Павле Зафиров од кратовската Итна помош преку ФБ објави како неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото за итна помош кое не можело да стаса поради непристапен терен.

Откако лекарот ја објави информацијата и фотографиите од спасувањето на ФБ, напиша и дека ниту една институција не испратила соодветно возило или помош за да се обезбеди побрз транспорт.


По ова само со реакција се јави вицепремиерот Никола Димитров кој рече дека се чувствува одговорен, но дека во државата треба да се престане со практиката да се тврди дека секој е ненадлежен. Институциите си ја префрлаа вината. 

Директорот на Центарот з ауправување со кризи, Стојанче Ангелов рече дека е запрепастувачки фактот што во една општина не може да се најде возило за помош на граѓанин кој е во животозагрозувачка состојба. Најави дека комисија ќе испитува дали имало пропусти во институцијата со која раководи тој или кај некој друг.

Ангелов вели дека оперативецот на ЦУК во Кратово направил сè што можел, но никој немал возило.



Слично

Поврзани вести