Економија, финансии, бизнис

Контакт

Починал 23-годишен затвореник од „Шутка“, во болница го донеле во тешка состојба

Починал 23-годишен затвореник од „Шутка“, во болница го донеле во тешка состојба

Министерството за внатрешни работи објави дека 23-годишен затвореник од затворот „Шутка“ вчера бил донесен на скопскиот Клинички центар во тешка состојба и набргу починал.

- На 07.03.2026 во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен С.Р.(23) од Скопје – осуденик од Казнено – поправната установа Затвор Скопје, кој во 20:10 часот починал во установата. 

Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција - пишува во полицискиот билтен.

Слично

Поврзани вести