Починаа двајца пациенти од Ковид-19, заразени се нови 36
Денеска се потврдени нови 36 случаи позитивни
на Ковид 19. Најмногу се од Скопје 22, па Куманово 4, по тројца во
Прилеп, Струга и Велес и еден во Битола. Од Министерството за здравство
соопштуваат дека со новите случаи, вкупниот број на заразени во земјава е 1117 луѓе. На Инфективната Клиника денеска починаа две пациентки, едната од Куманово,
а другата од Крушево на возраст од 85 и
77 години.
Слично
