Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина жената што се преврте со автомобил во тунелот кај Демир Капија

Почина жената што се преврте со автомобил во тунелот кај Демир Капија

Жената која се преврте со автомобилот на кров во тунелот кај Демир Капија, починала од здобиените повреди. Таа имала 47-години и била сама во автомобилот марка „фолксваген“ со неготински регистрации.

Според првичните информации, таа изгубила контрола на автомобилот и тој излетал од патот. Несреќата се случи на делницата Гевгелија-Неготино.Увид прави обвинител од Квадарци.

Возило се преврте во тунелот Т1 на делницата Гевгелија - Неготино, по што сообраќајот морало да се стави во прекин поради непроодност.. 

- Денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот. Увидот е во тек, информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес



Слично

Поврзани вести