Почина жената што ја застрела тетовчанецот кај Прешево на 8 март
Почина жената која на 8 март беше застрелана од тетовчанец кај наплатната рампа Прешево во Србија.
Српската државјанка В.Ј. (30) од Трстеник, која беше тешко повредена од огнено оружје кај Прешево кога по расправија во автомобил беше застрелана од македонски државјанин кој потоа се самоуби, им подлегнала на повредите во Универзитетскиот медицински центар Ниш.
Мажот е 56-годишен Албанец од Тетово. Жената е од Србија, имаше неколку сериозни повреди од куршуми и за нејзиниот живот се бореа лекарите во Клиничкиот цетар во Ниш.
„Пациентката В.Ј. (30), која поради прострелни рани на 8 март од ЗЦ Врање била донесена во УЗ УКЦ Ниш, а по операцијата била хоспитализирана на Клиниката за анестезија и покрај сите напори на лекарите од Универзитетскиот клинички центар Ниш, вчера им подлегнала на повредите“, потврдено е од Универзитетскиот медицински центар Ниш.
