Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина жената која пред две недели беше турната од трет кат во Охрид

Почина жената која пред две недели беше турната од трет кат во Охрид

Жената која пред две недели беше турната од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид им подлегна на повредите. 

Настанот се случи на 8-ми март, а три дена подоцна СВР Охрид поднесе кривични пријави против две лица, јави порталот Охрид 1.

Починатата која падна од трет кат од социјална зграда во Охрид била турната од еден од двајцата мажи кои во моментот биле со неа во иста просторија, додека второто лице иако било очевидец, не реагирало.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против Е.М.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија  ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде  и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело“,објави тогаш СВР Охрид.

 Жената со тешки телесни повреди со возило на Службата за итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Според првичните информации, станува збор за жена од Скопје, која била во врска со еден од станарите. Лишени се од слобода две лица.

Слично

Поврзани вести