Почина возач од Куманово – му се слошило зад волан, автомобилот излетал од патот
Шеесет и четиригодишен жител на Куманово го загубил животот откако му се слошило додека управувал автомобил, по што возилото излетало од патот на делницата меѓу селата Клечовце и Шупљи Камен.
Несреќата се случила на 22 март 2026 година на местото викано „Кантон“, информираат од Министерството за внатрешни работи. Патничко возило „даеву тико“, управувано од М.Д. (64), излетало надвор од коловозот.
На местото интервенирала екипа на Итна медицинска помош, која констатирала смрт кај возачот.
Сопатничката Л.Д. (57) се здобила со телесни повреди и била пренесена во Општата болница во Куманово.
Според нејзината изјава, на возачот му се слошило за време на управувањето и изгубил свест непосредно пред несреќата.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
