Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина велешкиот правобранител Пинев: Тој е донорот на двата бубрега

Почина велешкиот правобранител Пинев: Тој е донорот на двата бубрега

По пет дена лекување на КАРИЛ во Скопје вчера починал Борче Пинев, државниот правобранител за подрачје Велес. Пинев впрочем е лицето донор на двата бубрега за кои утрово извести Министерството за здравство. Пинев имал мозочна смрт, а тој беше примен на КАРИЛ по пад од дрво. За срцето не се најде соодветен донор. 

Повредата на Пинев се случила на 25 месецов, а МВР извести дека Пинев паднал од дрво. Тој беше дипломиран правник кој претходно работел како адвокат. На функцијата државен правобранител беше именуван пред осум години.

Пинев беше сопруг и татко на две ќерки. Имаше 46 години.

Спасен уште еден живот - 35-годишна девојка доби бубрег од пациент со мозочна смрт.

Слично

Поврзани вести