Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина уште една македонска легенда, Бранка Станковска

Почина уште една македонска легенда, Бранка Станковска

Доајенот на Македонската радио-телевизија, легендарната ТВ и радио спикерка,Бранка Станковска почина, на 89 -годишна возраст. Сиот нејзин работен век го мина пред малите екрани и засекогаш ќе остане запаментена по нејзиниот единствен и препознатлив глас на РТВ-Скопје. 

Веста ја потврди нејзиното семејство, а внуката Ирина Костовска на својот профил на ФБ напиша:

-Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сеуште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите. ТОЧНО Е 12.00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!, објави на ФБ нејзината внука Ирина Костовска.


Слично

Поврзани вести