Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина Тахир Хани, функционерот на ДУИ

Почина Тахир Хани, функционерот на ДУИ

Почина Тахир Хани, поранешен функционер на Демократската унија за интеграција и доскорешен заменик-генерален секретар на Владата.

Тој беше роден на 15 декември 1961 година во Струга и во својата политичка кариера извршувал важни државни функции, меѓу кои пратеник и министер, уште по конфликтот во 2001.

Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија, ДУИ на официјалниот фејсбук профил, а сочуство до семејството упати и лидерот Али Ахмети.

„Тахири целиот свој живот го посвети на албанската нација и работеше секој ден без да се штеди себеси да ја види нашата нација на вистинскиот пат.

Семејството и пријателите треба да се гордеат со Тахир, за неговиот живот и дело, за името и примерот што го остава зад себе“, објави Ахмети.

Погребот е најавен за денеска во 15 часот на гробиштата во струшкото село Велешта


Слично

Поврзани вести