Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА СУДИЈКАТА ЈОВАНКА СПИРОВСКА ПАНЕВА: Тажната вест ја соопшти адвокатот Јанаки

ПОЧИНА СУДИЈКАТА ЈОВАНКА СПИРОВСКА ПАНЕВА: Тажната вест ја соопшти адвокатот Јанаки

Адвокатот Јанаки Митровски, на неговиот фејсбук профил објави тажна вест, за смртта на судијата Јованка Спировска Панева.

Почина судија Јованка Спировска Панева, тазе пензионирана, долгогодишен судија во Основниот граѓански суд Скопје. На страна нејзиниот, навистина мошне незгоден карактер без влакна на јазик, се работеше за исклучително стручен судија од кој ми беше чест и привилегија да учам уште од моите почетоци во 2009та година, објави адвокатот Јанаки Митровски.

„Фактот дека еден таков судија, а ги има многу на број, ја завршува кариерата во Основен, а не во Врховен суд доволно говори за состојбите во судството.

Дополнително беа добри другарки со Маруша. Лесна и зем ај, сочуство до семејството и нека почива во мир. Поздрави ја мајка ми Јованка!“ напиша тој на социјалнтие мрежи.


Фото: Охридски

Слично

Поврзани вести