Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина Стамен Филипов, човекот кој ловеше лоши закони

Почина Стамен Филипов, човекот кој ловеше лоши закони

Вчера почина Стамен Филипов, човекот кој беше рекордер во Република Македонија според бројот на поднесени претставки до Уставниот суд. Тој може да се нарече ловец на лоши закони бидејќи наоѓаше голем број на грешки и недоследности во законските решенија кои не се во согласност со македонскиот устав. 

Правникот Филипов до судот, во текот на своите пензионерски денови поднесе 1200 претставки , од кои дури 308 му биле прифатени.

Од вкупно поднесените иницијативи, Уставниот суд ми уважил 304 иницијативи, од тоа: 239 законски одредби се укинати или поништени, од кои 9 закони во целина и 65 подзаконски прописи,од кои 32 подзаконски прописи се укинати во  целина.Уставниот суд по повод моите иницијативи има одржано  и 15 подготвителни седници.За 569 иницијативи Уставниот суд, не повел постапка. Во оваа бројка не се вброени решенијата, со кои се отфрлени иницијативите”-резимираше Филипов за Фактор.

Според него, Уставниот суд не одлучува на време по поднесените иницијативи, затоа што е под директно политичко влијание. 

Филипов водеше голем број на тешки и значајни иницијативи пред Уставниот суд за законски решенија кои ја поделуваа стручната јавност, но и самите граѓаните ги оценуваа како штетни или наметнати од страна на власта.

Тој почина на 74 годишна возраст.

Слично

Поврзани вести