Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА СОПСТВЕНИКОТ НА ПОЗНАТАТА ГРАДЕЖНА КОМПАНИЈА „ЖИКОЛ“ - семејството се простува од Живко Пандев

ПОЧИНА СОПСТВЕНИКОТ НА ПОЗНАТАТА ГРАДЕЖНА КОМПАНИЈА „ЖИКОЛ“ - семејството се простува од Живко Пандев

Почина сопственикот на познатата градежна компанија „Жикол“, Живко Пандев. 

Веста на фејсбук ја објави Елена Пандева.

„Со длабока и неизмерна тага ве известуваме дека во раните утрински часови нѐ напушти почитуваниот основач и сопственик на градежната компанија „Жикол“, г-от Живко Пандев. Долгогодишен успешен градежник, голем филантроп, сакан сопруг, татко, дедо и пријател за пример. Преку неговите дела, преку неговата беспрекорна работа низ децениите и преку хуманата и добра мисија на која безусловно ѝ беше посветен, ќе живее вечно. Луѓе со таква човечка големина остануваат во вечноста. Горди сме на традицијата која ја создаде и чест ни е што сме дел од неговото големо семејство. Нека му е светол патот и нека почива во мир.

Телото ќе биде изложено во Капелата во Струмица во 11ч. а погребот е од 13ч“, напиша Елена Пандева на фејсбук.

Слично

Поврзани вести