Почина сопственикот на „Паскалин“ Пејчо Илиев
Почина Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмен, основач на компанијата „Паскалин“. Неофицијално Илиев починал ненадејно од срцев удар, објави Гевгелија нет.
Илиев ја создаде и фирмата за производство, дистрибуција на јаткасти производи и на компаниите за производство на кафе „Евита“ и „Мерак“.
„Гевгелија изгуби голем стопанственик, маркетиншки промотор на вкусовите и плодовите од Гевгелија, спонзор на многу спортски, хуманитарни настани, подржувач на јавни настани и проекти за градот и општината, стои во објавата
Фото Гевгелија нет
Слично
