Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА СОПСТВЕНИКОТ НА АПЧЕ, ПРИЧИНА НЕ Е КОРОНАВИРУСОТ - скопјани се простуваат од добриот човек

ПОЧИНА СОПСТВЕНИКОТ НА АПЧЕ, ПРИЧИНА НЕ Е КОРОНАВИРУСОТ - скопјани се простуваат од добриот човек

Скопјани се простуваат на социјалните мрежи од сопственикот на најпознатата и најстара слаткарница во Скопје, „Апче“, Елем Кадриа. 

Со длабока тага тие велат дека главниот град на земјава останува без една од своите легенди, но и од добар човек и пријател. 

„Со длабока БОЛКА И ЖАЛ ви сопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашиот пред се татко, дедо и газда на СЛАТКАРНИЦА АПЧЕ со големо срце денес за жал почина. Погребот со сите протоколи ќе биде на гробиштата во село Јаловјане - Тетово во 13 часот. Со почит од персоналот на СЛАТКАРНИЦА АПЧЕ“, објавија вработените за смртаа на сопственикот.

Тие посакаа и да ја известат јавноста дека Кадриа не починал како последици на коронавирусот, туку причините се други. 

Еве и дел од реакциите на цоцијалните мрежи. 

„Со голема тага ја примив веста за оваа прерана загуба за нашиот пријател бате-Ељам и газда на слаткарница „Апче“. Загубивме голем човек во срцето. Неговите хумани дела кон секој еден ќе ги паметиме сите, учевме сите како треба да се биде хуман“.

„Бате - Ељам ќе останеш да живееш во нашите срца голем човеку“.

„Во име на мојата фамилија изразувам искрено и длабоко сочувство на фамилијата Кадри Бате - Ељам“.

Слаткарницата Апче отсекогаш важеше за скопска дестинација каде можеше да ги најдете вашите омилени традиционални слатки, но и имаше избор на нови рецепти, па затоа беше една од најпосетените слаткарници.

Слично

Поврзани вести