Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА СЛОБОДАН ТРАЈКОВСКИ, ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО НОВИНАРСТВО: Во последниот пост на Фејсбук го честиташе роденденот на неговата ќерка

ПОЧИНА СЛОБОДАН ТРАЈКОВСКИ, ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО НОВИНАРСТВО: Во последниот пост на Фејсбук го честиташе роденденот на неговата ќерка

Доајенот на мекедонското новинарство, Слободан Трајковски почина, објави А1Он. Целиот свој работен век го мина во Македонската радио телевизија, каде што беше уредник во Надворешно- политичката редакција, а подоцна, во 1996 година Собранието го назначи за генерален директор на МРТВ.

Во 2010 година Трајковски замина од МРТВ, но во јавниот радиодифузен сервис мина цели четири децении.

Во неговата богата професионална кариера е и функцијата Генерален конзул во Торонто.

Трајковски во последните години беше доста активен и на социјалните мрежи, а само пред четири дена, односно на 29 јули и го честиташе роденденот на неговата ќерќа Неда која живее во Канада.



Слично

Поврзани вести