Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина Славе Биљбил

Почина Славе Биљбил

Почина скопскиот боем дебармаалецот Славе Биљбил, а блиските на социјалните мрежи се просторуваат од него. 

Во август годинава наполни 77 години. 

Во една своја колумна Мојсо Мојсовски пишува: 

Предизбориево  е вистинскиот момент да се потсетам на една епизода од серијалот шармантни и со дебармалски шмек случувања во кои главен јунак е оваа скопска легенда.Изборниот молк пред првите повеќепартиски избори во Македонија која во 90-те штотуку зачекори во независност и сувереност беше новитет што за многумина,за волја на вистината,беше равенка со повеќе непознати.

Но,не и за Славе Биљбиљ, кој покажа на свој и оригинален начин како тој го сфаќа и практикува овој прв урок во демократски плурални избори:влегуе во една дебармалска кафана у петок пред изборната недела со фластер преку устата(и дебелите мустаци,се разбира)ни помалку ни повеќе-мора да се ќути.Но, не издржало срце јуначко,велат очевидци,кога меѓу гостите го здогледал Слободан Чашуле.

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести