Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина Саша Николовски Ѓумар, еден од најдобрите македонски диригенти

Почина Саша Николовски Ѓумар, еден од најдобрите македонски диригенти

Неочекувано попладнево почина Саша Николовски Ѓумар, еден од најдобрите македонски диригенти.

Роден е во Битола во 1966 година, а по завршувањето на средното образование се запишува на Електро-техничкиот факултет во Скопје, но го напушта за да се занимава со музика. 

Се запишува на Факултетот за музичка уметност на отсекот за музичка теорија и педагогија и дипломира како најдобар студент на генерацијата. Дипломира со највисоки почести, диригирајќи ја Вердиевата опера „Травијата“ во Македонската опера и балет. 

Саша Николовски настапуваше во Унгарија, Романија, Бугарија,Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Од 1998 на Факултетот за музичка уметност предава хорско и оркестарско диригирање, Оперско студио и група предмети од областа на диригирањето.

 Покрај бројните награди и признанија за уметничките дострели, љубовта и континуираната посветеност кон класичната музика која со искрена страст ја негуваше, на маестро Саша Николовски Ѓумар му донесе и Златен Орден за заслуги за Австрија.

Последните четири години дејствува како претседател на Здружението на диригенти на Македонија.

Слично

Поврзани вести