Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина родилка во болница во Штип

Почина родилка во болница во Штип

Родилката Маја Паневска од Свети Николе починала утрово во болницата во Штип откако вчера вечерта била породена во болницатa.

Како што дознава МКД од семејството, жената се породила со машко бебе, а утрово починала под засега се уште неразјаснети околности.

Семејството нема информации од што настапила смртта и кога дошло до влошување на состојбата кај родилката.

Директорот на штипската болница, Ален Георгиев, го потврдил случајот, а детали ќе има во текот на денот.


Слично

Поврзани вести