Почина Роберт Бадентер, креаторот на „бадентеровото мнозинство“ во Македонија
Поранешниот француски министер за правда Роберт Бадентер денеска почина на 95-годишна возраст.
Бадентер стана дел од секојдневниот политички живот во Македонија и со таканареченото Бадентерово мнозинство, кое почна да се применува по воениот конфликт во 2001 и предвидува вклучување на малцинските етнички заедници во носењето важни одлуки.
Тој беше претседател на арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија во 1991 година, јавија француските медиуми. Во времето на распадот на Југославија беше на чело на таканаречената Бадентерова комисија, која во декември 1991 година го соопшти мислењето дека СФРЈ е во процес на распаѓање, врз основа на кој, на 15 јануари 1992 година, државите на Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја признаа државната независност на Хрватска и Словенија во постојните граници.
Во својата долга правна и политичка кариера Бадентер се залагаше за укинување на смртната казна во Франција, што беше постигнато во 1981 година. Беше професор по право на Сорбона и претседател на Францускиот Уставен совет.
Тој беше еврејски интелектуалец и министер во социјалистичката влада, чиј татко починал во германски концентрационен логор, Бадентер беше цел на бројни напади од француската десница, од кои некои беа антисемитски. сд/
