ПОЧИНА РАТКА ДИМИТРОВА, МАЈКА НА ДОСЕГАШНИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ, НИКОЛА ДИМИТРОВ: Беше пратеничка во првиот собраниски состав
Пратеничката во
првиот состав на македонскиот Парламент, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ратка
Димитрова, почина на 80-годишна возраст.
Димитрова е мајка на политичарот и досегашен шеф на дипломатијата Никола
Димитров, а освен како пратеничка, Ратка Димитрова и беше позната на јавноста
по нејзината богата кариера како виолинистка со бројни концерти во Македонија и
пошироко.
Димитрова беше координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во период од 1991 до 1994 година.
Слично
