Почина познат хирург од Штип: Девет жртви на ковид-19 од медицинската фела досега
Денеска во Штип починал познатиот хирург д-р Ѓорѓи Денков. Докторот не успеал да ја победи болеста Ковид-19. Тој е уште една жртва на раширениот вирус, од кој во Македонија досега починаа над 800 луѓе. Пред два дана битката со Ковид ја изгуби д-р Драган Тасевски од болницата во Куманово.

„Денеска во 67-та година од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков. Сочувство до семејството, колегите и пријателите. Ова е 9. жртва од медицинската фела во ковид-19 пандемијата. Ве молиме почитувајте ги мерките за заштита и спречување на ширењето на SARS-CoV-2. Овие загубени животи не смеат да бидат залудни“, стои во објавата на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ).
Слично
