Почина пејачот Владо Јаневски
По кратко боледување почина пејачот Владо Јаневски.
Вечерва по кратко боледување, на една од скопските клиники
почина македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски на 66
годишна возраст.
Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 во Скопје). Има
издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те
сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“,
„Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не
зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн.
Има завршено Филолошки факултет, отсек англиски јазик и
литература. Членувал во музичките групи Тост сендвич (1979),
Бон Тон (1986), Фотомодел (1989), Ластовица (1992). Свири на
клавир, гитара и тапани. Има учествувано на многу домашни и
странски фестивали и е првиот официјален претставник на
Република Македонија на Изборот за песна на Евровизија со
темата „Не зори зоро“ во Бирмингем, 1998.
Има учествувано и на Југовизија (Белград, 1992) и имал ревијални
настапи на Славјански базар (Белорусија, 1994, 1995, 1996), Кавен
(Ирска, 1994), Памуккале (Турција, 1994, 1995, 1996), Каиро
(Египет, 1998, 1999) и на многу други реномирани фестивали.
