Почина Панчо од ДНК
Владимир Блажев – Панчо, членот на дуото ДНК кој беше сериозно повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, починал утрово во 10 часот, по долго лекување во „Систина“.
Панчо извесно време бил во кома, а за неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри. Тој имаше тешки изгореници на лицето и на рацете.
Во пожарот во кочанската дива дискотека „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица и 200 беа повредени.
Од „Систина“ изразија сочуство до семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност.
„Почитувајќи ја приватноста на секој наш пациент и согласно Законот за заштита на правата на пациентите, не споделуваме информации за пациентите“, посочија од „Систина“.
Редакцијата на „Фактор“ изразува сочуство до неговите најблиски.
