Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина Панчо Минов, поранешниот пратеник и градоначалник на Кавадарци

Почина Панчо Минов, поранешниот пратеник и градоначалник на Кавадарци

Почина Панчо Минов, поранешниот пратеник и градоначалник на Кавадарци, како и искусен политичар кој беше дел од издејствувањето на независност на земјата.

Тој беше пратеник уште во првиот состав, од страна на Либерална партија, во период од 1990 до 1998 година, од страна на ГРОМ во пратеничкиот состав 2016-2020 и од страна на СДСМ во пратеничкиот состав 2020-2024. Беше и поранешен градоначалник на Општина Кавадарци во два мандата, од 2000 до 2005 година, од страна на Либерална партија, и од 2005 до 2009 како независен.

Зад себе, освен големото политичко наследство, го остави и своето семејство – беше сопруг, татко на две деца и дедо на два внуци.


Слично

Поврзани вести