ПОЧИНА ПАЦИЕНТКАТА КОЈА ГО ПРИЈАВИ АПТЕКАРОТ НА ОНКОЛОГИЈА ДЕКА БАРАЛ МИТО: Од Обвинителството велат дека судскиот процес продолжува
Почина Минка Веизовска, пациентката која го пријави аптекарот од Онкологија дека ѝ барал мито за биолошка терапија.
Таа утрово почина на Пулмологија. Нејзиното семејство вели дека ова треба да биде поттик да има правда за случајот.
Судскиот процес против аптекарот од Клиниката за онкологија, Калтрин Уштеленца, за кој имаше наводи дека барал мито за да обезбеди биолошка терапија ќе продолжи и покрај тоа што почина пациентката Минка Беизовска којашто го обелодени овој случај.
Процесот продолжува затоа што е предмет кој започнал по службена должност, а не по приватна тужба, велат од Јавното обвинителство за ТВ 24.
Предметот е отворен откако пациентката која имала рак на белите дробови по примени четири хемотерапии превентивно требало да ја прима биолошката терапија.
Граѓаните одржаа повеќе протести со барање да има одговорност за случајот откако се дозна за скандалот дека персонал од клиниката продавал лекови на „црно“ на Косово.