Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина новороденче во Битола, утре вонреден инспекциски надзор

Почина новороденче во Битола, утре вонреден инспекциски надзор

Министерот за здравство Фатмир Меџити по информацијата за починатото новороденче, ги откажа сите свои ангажмани и денеска ја посети Клиничката болница Битола, за на лице место да увиди што се случило. Истовремено, министерот се сретна и со родилката и изрази длабоко сочувство.  

Директорот на болницата, д-р Александар Обедниковски изјави дека во текот на породување настапила брадикардија, која покрај срцево-белодробно оживување е констатирана смрт. Од директорот е даден налог за обдукција. 

По налог на министерот утре ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на текот на лекување на починатото новороденче. 


Слично

Поврзани вести