Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА НОВИНАРОТ РИСТЕ НЕДАНОВСКИ: Се простуваат од него од Лекарската комора на Македонија и сите негови колеги

ПОЧИНА НОВИНАРОТ РИСТЕ НЕДАНОВСКИ: Се простуваат од него од Лекарската комора на Македонија и сите негови колеги

На 62 години по кратко и тешко боледување почина новинарот Ристе Недановски, соопштија од Лекарската комора на Македонија.

Во 1980 год. Недановски запишал Факултет за интердисциплинарни студии по новинарство при Универзитетот „Кирил и Методиј” – Скопје.

Во својот животен век, од 1991 година работи како новинар за здравство во редакцијата „Вечер” – НИП  „Нова Македонија”. Во 1997 година преминува во редакцијата „Дневник”, во 1999 станува заменик-уредник на економската рубрика и новинар за здравство во редкацијата „Утрински весник”.

Од 2004 година е уредник и новинар за здравство во редакцијата Вечер”. Од активното новинарство се повлекува во 2006 година кога работи како PR менаџер во „Публицист” – Скопје, од 2009 год. е извршен директор и  PR менаџер во “Концепт маркетинг”, а во 2011 година е уредник на гласилото на Лекарската комора на Република Северна Македонија, Vox Medici.

Долги години подготвуваше и уредуваше текстови, посебни тематски публикации и инфо-гласила на различни асоцијации, здруженија, организации и компании (Стоматолошка комора на Македонија, “Порака”, Сојуз на помош за лица со ментален хендикеп и други.

Во својот професионален ангажман се истакнува како исклучителен познавач на здравствениот систем во Република Северна Македонија.

Автор е и учесник во подготовка на повеќе релевантни меѓународни анализи за состојбите и реформите во здравството.

Сите ние загубивме драг пријател и извонреден колега.

Нека почива во мир.

Лекарска Комора на Македонија


Слично

Поврзани вести