Почина новинарот Менде Младеновски од Битола
По кусо боледување денеска почина Менде Младеновски (1955-2024), долгогодишен новинар и главен и одговорен уредник на „Битолски весник“. Младеновски беше долгогодишен дописник на „Нова Македонија“ и се залагаше за почитување на највисоките професионални стандарди во новинарската професија.
За својата новинарска посветеност и професионализам добитник е на бројни награди и признанија.
Слично
