Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина музичкиот гениј Зоран Маџиров

Почина музичкиот гениј Зоран Маџиров

Големиот талент, неверојатниот шоумен и еден од најзабавните музичари од Македонија со претопло срце, Зоран Маџиров, за жал почина по 7 месеци поминати во кома. 

„Ботлмен“ како што го нарекуваа на светската музичка сцена поради фантастичните перкусии изведени на стаклени шишиња, не успеа да се опорави од тешката сообраќајна несреќа. Тој се судри со камион на регионалниот пат Штип- Радовиш.

Зоран Маџиров е роден во Струмица. Пораснал во музичко семејство и првото знаење за џез го добил од својот татко. Учел пијано, труби и удирачки инструменти. Студирал во Германија.

Го револуционаризирал концептот на соло- перкусионист, свирејќи ги делата на класични композитори, од калибарот на Игор Стравински и на Моцарт. На Скопскиот фестивал пред 17 години, ја воодушевил домашната публика со своето виртуозно свирење на шишиња, чаши.

Првиот домашен компакт диск „Home“ го објави кон крајот на 2000 година за музичката и касетна продукција при Mакедонската Радио Телевизија.

Македонскиот музичар Mаџиров свирел со светски познати уметници. Добитник е на бројни награди. Одликуван е со орден за високи заслуги во Германија. Медалот му е доделен за посебни истакнувања во полето на музиката како оригинален музичар и за неговото неуморно ширење на музичката култура низ цел свет во последните 25 години.


Слично

Поврзани вести