ПОЧИНА МЛАДА ПАЦИЕНТКА: Семејството даде согласност за донирање на органите, кажа Филипче
Ќе биде можно да
се направат неколку трансплантации ако има соодветни реципиенти за органи од
млада почината пациентка, изјави денеска министерот за здравство, Венко
Филипче, кој нагласи дека родителите на починатата веќе дале согласност.
– За ѓал и денеска имаме млада почината пациентка, но, истовремено добивме согласност за донација на органите од неизиното семејството. Сега се прават проверки дали може да се направи трансплантација на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти и во денешниот ден сѐ ќе се заврши, потенцираше министерот Филипче.
Филипче нагласи дека на трансплантацијата ќе работат истите тимови како во претходната хируршки постапки на траснплантација.
Слично
