Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина млада девојка која беше повредена во несреќата кај Ласкарци

Почина млада девојка која беше повредена во несреќата кај Ласкарци

Почина 19 годишната девојка која беше повредена во автобуската несреќа кај селото Ласкарци на 13 февруари. 

Како последица на тешката сообраќајка девојката ја загуби ногата. 

Бројот на загинати во несреќата се искачи на 16. Несреќата се случи на автопатот Скопје – Тетово, кога автобус на компанијата „Дурмо Турс“ излета од патот и се преврте. Истрагата покажа дека причина за несреќата е комбинација од неприлагодена брзина и неисправни сопирачки на автобусот.

Полицијата уапси шест лица, меѓу кои се сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, првиот човек на техничката контрола, тројца вработени во техничката контрола „Авто-мото сојуз Гостивар“, возачот и лицето кое констатирало исправност на  тахографот, иако во истиот имало уред за манипулација со брзината. Шест од нив се товарат за кривично дело против безбедноста на луѓето и возилата во сообраќајот, а седмиот е осомничен за несовесно извршување на задача.

Слично

Поврзани вести