Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА МЛАД ВЕЛЕШАНЕЦ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ - трагична несреќа на клучката кај Спанчево

ПОЧИНА МЛАД ВЕЛЕШАНЕЦ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ - трагична несреќа на клучката кај Спанчево

Трагично заврши животот на младо момче од Велес кое со своето возило излетало од патот Кочани - Три чешми. 

Вчера наутро во полиција е пријавено дека на експресниот пат патничко возило излетало од патот, а од повредите возачот, Г.К. (21) од Велес починал на самото место на несреќата. 

- На 31.07.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Три чешми, на клучката за с.Спанчево, патничко возило „фиат стило“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(21) од Велес, излетало од коловозот. 

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. 

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани - пишува во билтенот на МВР. 

Слично

Поврзани вести