Почина македонскиот рокер Канго
Симеон Иванов познат под прекарот Канго, починал во Кочани по тешко боледување, соопшти неговото семејство преку социјалните мрежи.
Рокерот Канго почина на 67 годишна возраст. Тој е еден од ветераните на електричната гитара во Македонија, свирејќи рок нумери со доста често со етно елементи.
Во последните години беше активен со здружението Мактеон кое славеше празници и од антиката и го враќаше митот за античките Македонци.
Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки.
Слично
