Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ако понекогаш блескав, тоа е само затоа што горев“- Почина Љубиша Георгиевски поранешен претседател на Собранието

„Ако понекогаш блескав, тоа е само затоа што горев“- Почина Љубиша Георгиевски поранешен претседател на Собранието

Македонија денеска остана без уште еден политичар, но и голем театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист.

Роден во 1937 Љубиша Георгиевски починал утринава на 81 годишна возраст.

Тој беше и претседател на Собранието на Република Македонија две години од 2006 до 2008 година. А како политичар беше претседателски кандидат во 1994 и амбасадор во Бугарија од 2000-2004 година.

Георгиевски јавноста го знае како теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Влада не може да се состави без мандатор, во спротивно би се нашле во ситуација на државен удар, изјави Љубиша Георгиевски при една прилика.

„Такво нешто би било спротивно на здравиот разум. Претседателот на една земја колку и да е „Британска кралица“ е “кралица” и мора да биде политички фактор. Претседателот го избрал народот и не е избран во парламент, согласно тоа има право на политика“, вели Георгиевски.

Ако понекогаш блескав, тоа е само затоа што горев

– Ако понекогаш блескав, тоа е само затоа што горев. Сакам да им се извинам на моите деца на кои навистина им недостасував. Знам дека тие сега ќе ми простат, па потоа пак ќе заборават и така тоа оди. Им се заблагодарам на мојата сопруга и на моите деца. Горд сум на моите студенти кои денес ја сочинуваат сржта на македонската филмска и театарска сцена, а им се заблагодарувам на сите актери со кои сум работел – од Македонија, Србија, Романија, Чешка… – рече денеска најавангардниот македонски режисер Љубиша Георгиевски, кој што прославува 55 години творшево и 77 години живот.

Слично

Поврзани вести