Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА ЉУБИСАВ ИВАНОВ ЅИНГО - лидер на партија, пратеник, бизнисмен, фудбалски работник....

ПОЧИНА ЉУБИСАВ ИВАНОВ ЅИНГО - лидер на партија, пратеник, бизнисмен, фудбалски работник....

Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов - Ѕинго, долгогодишен пратеник во Собранието на Македонија и лидер на Социјалистичката партија. 
Повеќе од две децении беше лидер на Социјалистичката партија, а беше пратеник во Собранието во првиот собрански состав.
Љубисав Иванов Ѕинго беше и долгодишен бизнсмен, сопственик на компанијата Силекс, основач на ТВ Сител, а во неговото бизнис портфолио е и сопствеништвото на Добра вода.
А тој беше вљубеник и во спортот и беше претседател на Фудбалскиот сојуз од почетокот на независноста на државата.
Почест му оддадоа и од фудбалската федерација.
Тој беше поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

„Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов - Ѕинго, а навистина е беспредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија.

Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал.

Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов - Ѕинго.

Нашите мисли сѐ со Вас“, напиша на фејсбук Муамед Сејдини, претседател на Фудбалска федерација на Македонија.

Слично

Поврзани вести