Почина Кирил Митровски - поранешен Претседател на Одборот на Директори на Македонска берза
Почина Кирил Митровски, некогашен Претседател на Одборот на директори на Македонска берза, кој беше и едено од првите брокери.
По трагичната загуба, се огласија од Македонска берза на социјалните мрежи.
- Последен поздрав од Македонска берза АД Скопје за г-дин Кирил Митровски, брокер од првата генерација, долгогодишен член и поранешен Претседател на Одборот на директори на Берзата.
Изразуваме искрено и длабоко сочувство до неговото семејство и тимот на Инвестброкер АД Скопје.
Нека почива во мир - пишува во нивната објава споделена на социјалните мрежи.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
