Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина Илинка Митрева, еден од основачите на СДСМ

Почина Илинка Митрева, еден од основачите на СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објави дека е почината поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева.
„Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи.

Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија.

Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици.

Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните. Нека почива во мир“, објави СДСМ.

Слично

Поврзани вести