Почина и сопругата во која вчера пукаше старецот од Бутел кој си го уби внукот па си пресуди
Утрово почина и сопругата на 84-годишниот старец од скопски Бутел кој вчера го уби внукот, а си пукаше во жената и керќата па си пресуди на себе.
Од МВР со повеќе детали информираат за трагедијата за коај се уште не можат да ги откријат мотивите.
„На 01.07.2017 година околу 12,40 часот во Скопје, на ул.„Хо Ши Мин“ во куќата сопственост на П.Т.(84) од засега неутврдени причини истиот со својот пиштол „Берета“ кал.7,65 мм, кој го поседувал со дозвола, испукал еден куршум во правец на неговата сопруга П.Т.(78) нанесувајќи и огнострелна повреда во пределот на грлото, а потоа пукал и кон неговата ќерка Л.С. (58) од Скопје нанесувајќи и огнострелна повреда во пределот на главата. Неговиот внук Т.С.(32) откако влегол во ходникот од куќата, од страна на П.Т. бил погоден во пределот на главата при што поради тежината на огнострелната повреда починал на самото место. Потоа П.Т. со пиштолот си пукал во главата и се самоубил. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај Т.С. и П.Т. додека Л.С. и П.Т. биле пренесени во КЦ-Скопје за укажување на лекарска помош. Утрово починала и П.Т. додека Л.С и натаму се наоѓа во животна опасност. По наредба на ЈО телата на починатите се пренесени во Институт за Судска медицина. Се работи на целосно расчистување на случајот“, соопштија од министерството.
