Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски.

Илиевски е роден на 3 мај 1968 година.  Веста за смртта на Илиевски на социјалните мрежи ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека неговото дело и спомен нема да бидат заборавени.

„Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница. Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше. Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати. Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат. Ќе го паметиме и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце. Во овие болни моменти, моите мисли се со неговото семејство, со неговите најблиски, со граѓаните на Брвеница и со сите што го познаваа и почитуваа. Јоцо на последните избори ја добивме најважната битка за твојата Брвеница, твоето дело и споменот за тебе нема да биде заборавен. Вечен спомен“, напиша Мицкоски.


Тој беше градоначалник на Брвеница од 2021 година, реизбран и на последните локални избори, а претходно, од 2013 до 2017 година, тој беше член на советот на Општината.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести