Почина еден работник извлечен од градилиштето во Кисела Вода
Едниот од работниците кои утрово беа потрупани со земја е починат, при спасувачка акција на затрупани работници при ископ на темели за нова зграда во Кисела Вода.
Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира за МИА, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје.
Докторот Панов изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата. Жртвата, како што рече, според првичните информации, е на 34-годишна возраст.
- Интервениравме со четири амбулантни возила, рече доктор Панов.
Центарот за управување со кризи пак, соопшти дека поивкот за затрупани градежни работници стигнал во 08:14 минути утрово.
„Во 08:14 часот е добиен повик за потрупани градежни работници со земја на ул. Козјак бр.3 и се бара Брза помош. Во 08:18 е добиен втор повик од Доктор Драган Панов, Доктор во ИМП Скопје, каде бара асистенција од БПЗЕ Скопје за извлекување на потрупаните лица. Известени се БПЗЕ Скопје, Полиција Скопје, ИМП Скопје и РЦУК Скопје“, соопштија од ЦУК.
