Почина доктор Трајче Нешковски
Починал доктор Трајче Нешковски, специјалист интернист од Клиниката за пулмоалергологија.
Како што дозна Фактор, два часа го реанимирале, но лекарите не успеале да го спасат. Телото ќе биде предадено на обдукција.
Тој беше дел од тимот кој работеше во Козле.

Функционерите на СДСМ преку социјалните мрежи се простуваат од докторот Трајче Нешковски, кој беше генерален секретар на СДММ.
Пратеникот Коста Костадинов на Фејсбук напиша дека темелот на СДММ го поставувале заедно.
„За момент помислив дека е само лош сон, ама не било. Целото другарство, темелот на СДММ го поставувавме заедно, еден и единствен Трајче. Не сакам да верувам, но кој не прашува нас овде. Бог да те прости брат, другар Трајче…До некое следно видување“, напиша Костадинов.
