Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА ДОКТОР НА ДЕЖУРСТВО: Бил пронајден во собата за дежурни лекари во Психијатриска болница-Бардовци

ПОЧИНА ДОКТОР НА ДЕЖУРСТВО: Бил пронајден во собата за дежурни лекари во Психијатриска болница-Бардовци

Половина час по полноќ на 25. Септември починал 61-годишен лекар кој бил на дежурство во психијатриската болница Бардовци во Скопје.

Од МВР информираат дека во полициската станица Карпош, екипа на Итната медицинска помош пријавила дека  на 25.09.2021 во 00:30 часот во собата за дежурни лекари во Психијатриска болница Скопје бил пронајден починат дежурниот лекар Љ.Н.(61) од Скопје.

Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.


Слично

Поврзани вести