Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО АКТЕРСТВО ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ: Јавноста ќе го памети по бројните улоги

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО АКТЕРСТВО ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ: Јавноста ќе го памети по бројните улоги

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист, Димче Мешковски почина на 77 годишна возраст синоќа во Флорида, каде што живееше во последните неколку години.

Македонската јавност ќе го памети по бројните улоги остварени и на театарските даски и зад филмските камери. Оствари улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“). Својот глас го позајмуваше и при натсинхронизацијата на цртани филмови меѓу кои и Гаргамел во „Штрумпфови, а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

Комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски театар на 28 март во 12ч.

Фото: YouTube/ Print Sreen

Слично

Поврзани вести