Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина девојчето кое беше прегазено кај Јаја Паша

Почина девојчето кое беше прегазено кај Јаја Паша

Почина четиригодишното девојче во кое вчера кај Јаја Паша удрил автомобил. 

Несреќата се случи вчера околу 13:30 часот во Скопје, на ул. „Цветан Димов“.

ПМВ „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б. Б. (62) од Скопје удрил во четиригодишното девојче од село Моране.

Детето се здобило со тешки телесни повреди по што  е пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде по укажаната лекарска помош, во 21:30 часот починало.

По несреќата Б.Б. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Истиот е задржан во ПС Бит Пазар, по што е изведен пред надлежен судија.

Слично

Поврзани вести