Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА ДЕТЕ ОД КАВАДАРЦИ: Родителите бараат да се испита дали имало лекарска грешка

ПОЧИНА ДЕТЕ ОД КАВАДАРЦИ: Родителите бараат да се испита дали имало лекарска грешка

Дете од Кавадарци почина, а родителите бараат одговорност за случајот и да се испита дали имало лекарска грешка. 

Детето почина вчера изутрина на пат кон скопските клиники. 

„Во понеделникот утрото во дваесет минути за три часот ме разбуди сопругата со детето во рацете омалаксано и ми рече да станам брзо оти не е арно синчето. Најпрвин побаравме лекарска помош во Кавадарци, но ми се чини дека нашата ситуација не беше сфатена сериозно. Затоа бараме да се формира комисија која ќе ги утврди точните околности под кои настанала смртта, ни почина во рацете“,  рече таткото Тони Стојанов во изјава за МИА.

Како што претходно соопштија од полицијата, тригодишното детенце е донесено починато во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. 

Како што информираше полицијата, во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 3:00 часот го однела во Општата болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 8:45 часот е констатирана смрт. 

Слично

Поврзани вести