Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА Д-Р БИЛЈАНА ИЛИЕВСКА ПОПОВСКА-МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ВРВЕН ПРОФЕСИОНАЛЕЦ И ПРЕКРАСЕН ЧОВЕК: Институтот за ТБЦ и студентите се збогуваат од професорката

ПОЧИНА Д-Р БИЛЈАНА ИЛИЕВСКА ПОПОВСКА-МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ВРВЕН ПРОФЕСИОНАЛЕЦ И ПРЕКРАСЕН ЧОВЕК: Институтот за ТБЦ и студентите се збогуваат од професорката

Почина проф. д-р Билјана Илиевска Попоска, специјалист по пневмофтизиологија и интерна медицина, субспецијалист пулмоалерголог. Нејзините студенти, колеги и пријатели преку социјалните мрежи се простуваат од неа.

-Македонија изгуби врвен лекар, професионалец од областа на интерната медицина и пулмологија, но пред се прекрасен човек. Научивме многу од Вас професорке на што ќе Ви бидеме вечно благодарни. Почивајте во мир проф. д-р Билјана Илиевска Попоска, напишаа од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Доктор Билјана Илиевска-Попоска е родена во 1960 година во Пробиштип. Автор е на над седумдесет и коавтор на над шеесет научни трудови, со кои има учествувано и предавано на бројни меѓународни и национални пулмолошки симпозиуми, работилници и конгреси.

Во текот на својата кариера ја извршувае функцијата директор на Институтот за белодробни заболувања, како и Раководител во Одделение за интензивна нега. Беше избрана за професор на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делечев“ во Штип.

ФОТ: YouTube Print Screen

Слично

Поврзани вести