Почина Бранка Станковска
Бранка Станковска, радио и тв презентерка почина денеска во Скопје, на 90 годишна возраст.
Таа целиот работен век го поминала во Македонската радиотелевизија. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, и е емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. На 14 декември, Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски Весник, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.
Слично
